Новости

Занимливости

Дожд од долари паѓал на американскиот автопат во Калифорнија

Дожд од долари паѓал на американскиот автопат во Калифорнија, а причина била сообраќајна несреќа во која учествувало оклопно возило со кое се превезувале пари.

Калифорниската полиција потврди за CBS News 8 дека дошло до мала сообраќајна несреќа во која учествувало оклопно возило. Во таа неприлика од него испаднале вреќи со пари и се скинале, поради што банкнотите паднале на автопатот, па дури и се нашле во спротивна насока.

Поради оваа несреќа сообраќајот на кратко бил прекинат, а возачите и патниците еуфорично собирале пари на сред автопат, но, биле известени да ги вратат банкнотите бидејќи во спротивно може да имаат проблеми со законот.

– Соработуваме со ФБИ во заедничка истрага. Ако сте ги зеле парите, веднаш вратете ги бидејќи имаме многу докази дека ги следиме – соопштија од полицијата.

Полицијата на местото на несреќата уапсила две лица поради собирање пари.

Злобни луѓе! Хмм… Би ги вратиле ли вие парите? Погледнете го видеото и почувствувајте ја таа еуфорија, па потоа бидете искрени.

Евротип
Евротип
To Top