Новости

Занимливости

Дошол на корона журка, паднал од тераса дури бегал од полицијата

22-годишен Германец се здобил со сериозни повреди откако паднал од тераса на четвртиот кат, обидувајќи се да избега од казната поради собирање кои ги прекрши рестриктивните мерки, соопшти германската полиција.

Тој беше меѓу четворицата млади момчиња кои се собраа на забава во стан во Виперфирт, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, во петокот, објави novosti.rs.

Откако соседот повикал полиција, двајцата се скриле на терасата кога полицијата заѕвонила на вратата.

Додека полицијата разговарала со другите двајца на влезната врата од станот, несреќниот млад човек паднал, веројатно, додека се обидувал да премине на соседната тераса.

GOLD
To Top