Новости

Занимливости

Дрвена куќичка, камин, варено вино – Замислете да сте дел од оваа приказна

Замислете дека паѓа снег, а вие сте во една од најубавите дрвени куќички во светот, среде зимска идила. Не звучи лошо да ве завее снег на овие места

Иако секој има своја визија за идеалниот зимски амбиент, никој не може да остане рамнодушен на снежната дрвена куќа, каминот што крцка, мирисот на варено вино, цимет и чај…

Материјалот од дрво го поврзуваме со топлина, природа и чистота, а куќите изградени од дрво во планините се скриени од токсичната средина, исполнети со мир и тишина.

Сигурно барем еднаш сте сонувале за дрвена куќа во која ќе се препуштите на мислите и ќе се опуштите.

Доколку сакате рустикален стил, лесно би можеле да се заљубите во комбинацијата на камен и дрво во екстериерот и ентериерот. Дрвените куќи со дрвени скали, голем трем и камен оџак се вистински архитектонски уметнички дела, исто како кружните колиби во арктичкото одморалиште со поглед на поларната светлина. Погледнете ги фотографиите поодолу во текстот и барем одморете ги очите.

Евротип
SNBROKER
To Top