Новости

Занимливости

Еве како би изгледале познатите личности денес да не го изгубea животот прерано

Со помош на технологијата за вештачка интелигенција, фотографот и адвокат Алпер Јесилтас создаде серија слики наречени „Како ништо да не се случило“ кои навидум ги враќаат во живот иконите на поп културата. Сите сме се запрашале како би изгледале тие денес, а овој пат имаме можност да го видиме тоа.

Познатите личности како Хит Леџер, Фреди Меркјури, принцезата Дијана и Курт Кобејн стареат во неговите слики на начин што изгледа неверојатно веродостојно.

„Сè што може да се замисли, може да се покаже како реално“ е всушност она што го инспирира овој човек, па така почнал да експериментира со оваа технологија.

„Кога почнав да се занимавам со технологијата, видов многу можности и размислував што ќе ме направи најсреќен, а потоа открив дека би сакал повторно да видам некои од луѓето што ми недостигале“, изјави тој за сајтот My Modern. Мет.

Алпер користи различен софтвер за да ги креира своите слики, особено Remini, Lightroom и VSCO. Доколку ви се допаѓаат неговите дела, задолжително следете го на Инстаграм.

Евротип
SNBROKER
To Top