Новости

Занимливости

Експертите советуваат како да се справите со несоницата: Останете будни

Луѓето кои се борат со несоница знаат колку овој проблем им го нарушува нормалниот ритам на секојдневниот живот.

Причините за несоница може да бидат физички по природа, како што се некои болни состојби, промени во животниот стил како работа во смени, но и состојби поврзани со менталното здравје како депресија, анксиозност или слично.

Една студија покажа дека 36 отсто од возрасните во Обединетото Кралство најмалку еднаш неделно се мачат да заспијат, а речиси половина од возрасните Британци имаат проблеми со спиењето барем еднаш месечно.

Методот на „парадоксална намера“

Некои експерти се залагаат за психотерапевтска техника наречена „парадоксална намера“, која го поттикнува лицето да се изложи на нешто што најмногу ги плаши. Во случај на проблеми со несоница, се препорачува личноста да остане будна, пишува Daily Mail.

Аргументот е дека соочувањето со стравот лице в лице може да резултира со намалување на анксиозноста. Во случајот со спиењето, помалата анксиозност значи дека е поверојатно лицето на крај да заспие.

Евротип
SNBROKER
To Top