Новости

Занимливости

Е ова е среќа! – Освоила иста сума на лотарија 3 пати за 3 години!

Пензионерката од Мериленд има освоено 150.000 долари во игри на среќа досега.

Некои никогаш не добиваат ништо во игрите на среќа до крајот на животот. Затоа звучи сосема неверојатно приказната дека шеесет и едногодишна пензионерка од округот Монтгомери во Мериленд го направила тоа три пати во три години.

И сите три пати освоила иста сума: 50.000 долари. И тоа ги купила сите билети во истата продавница.

Таа за прв пат победила во играта „бонус кеш“ во август 2018 година. Набргу потоа, добила 50.000 долари во октомври играјќи ја Кеш Крејзи Дабл. Пред неколку дена купила два билети од по пет долари, од кои едниот повторно и донел 50.000 долари

Среќната добитничка била повеќе од шокирана, бидејќи вистинска реткост е кога некој воопшто ќе добие нешто на лотарија, а камоли три пати.

Евротип
Евротип
To Top