Новости

Занимливости

Е ова е љубов! – Британска двојка прослави 81-годишнина од нивниот брак

Британскиот пар Рон (102) и Џојс Бонд (100) ја прославија 81-годишнината од бракот.

Парот живее во Милтон Кејнс и е најдолговечниот брачен пар во Велика Британија, пишува BBC.
Тие се венчаа на 4 јануари 1941 година во Њупорт Пагнел. Парот се согласува дека тоа било љубов на прв поглед и дека се рамноправни во врската.

„Нема Т.Н. шеф во нашиот брак. И даваме и земаме. Никогаш не очекувавме да стигнеме до овде. Знаеме дека сме многу среќни што ја постигнавме оваа неверојатна цел. Чувството е одлично”, изјави Џојс.

Сопругот рекол дека животот не ги галел секогаш, но секогаш се држеле заедно. Нивната ќерка откри дека на почетокот на бракот на парот се зборувало дека „тоа нема да трае долго“, но тие се уште се заедно.

„Тоа го кажаа на нивната свадба. Колку само погрешија”, рекла ќерката Ајлин. Заедно со неа, парот го има и синот Бил. Рон и Џојс се одлична инспирација за нивните деца.

„Тие секогаш нè пречекуваат и имаат многу љубов кон сите. Тато работеше напорно за да му обезбеди на семејството се што им треба, додека мама се трудеше да го одржува нашиот дом чист и уреден. Треба да поминете време со нив за да знаете колку се сакаат и се грижат еден за друг, дури и по 81 години брак“, додаде Ајлин.

Минатата година на 80-годишнината добија честитка од кралицата.

Евротип
SNBROKER
To Top