Новости

Занимливости

Животот и не е толку совршен како на вашиот Инстаграм профил, а оваа девојка решила да го докаже тоа!

Добредојде во реалноста.” Така може да се вика мисијата на Јелена Димитријевиќ, девојка која преку социјалната мрежа Инстаграм ни открива што се крие зад сите тие совршени лица, фигури, моменти.

– Имајќи предвид дека многу инфлуенсери се занимаваат со оваа тема во странство, сакав да ја оживеам и кај нас на Балканот. Во денешно време, ние постојано се споредуваме со луѓе на социјалните мрежи кои ни го покажуваат нивниот идеален живот и никогаш не се прашуваме дали навистина е така во реалниот живот.

– Затоа решив да направам нешто поразлично, едноставно да бидам своја и да им покажам на луѓето дека не е срамота да имате целулит, стрии, да не носите брендирани алишта, марки… да живеете на село … Важно е да се сакате затоа што никогаш нема да можеме целосно да ги задоволиме другите.

Нејзината цел, вели таа за ddl.rs, е да ги охрабри младите да размислуваат повеќе за себе и реалниот живот, а помалку за фотографијата и сликата на Инстаграм во општеството.


– Сакав да се издвојам од толпата од исти слики на Инстаграм и да започнам да објавувам нешто поразлично. На луѓето им се допадна оваа идеја, па пораките и коментарите беа многу позитивни и тоа ме охрабри да продолжам.

СН Брокер
To Top