Новости

Занимливости

Заборавете на селфи стаповите – во мода е SelfieFeet

Selfie стаповите се веќе долго време на пазарот, но сега се појави нов начин за правење селфи фотографии, а тоа е SelfieFeet.

Станува збор за еластична трака со магнет која се прицврстува на стапалото, а се управува далечински преку Blueooth. Креаторите на SelfieFeet објаснуваат дека сакаат на пазарот да понудат hands-free можност за правење на селфи фотографии. Прицврстувањето на телефонот на стапалото им изгледало како најлогично решение.

SelfieFeet едноставно се поставува на стапалото, потоа се прицврстува телефонот и со притискање перку мало далечинско, добивате одлично селфи. Благодарение на магнетот, телефонот моше да се прицврсти на метални површини, а исто така траката може да се носи и на рака.

Цената на SelfieFeet изнесува 25 долари.

GOLD
To Top