Задолжително користење ознаки за филтрирани фотографии, инаку ќе одговарате пред закон! – Необични закони низ светот

Често читаме за некои бизарни закони низ светот кои не би ги сакале да се изгласаат и во нашите простори, но сепак има и такви кои со задоволство би ги прифатиле. Ова се некои од нив.
Шефот не смее да го бара вработениот после работно време
Со цел да придонесе за рамнотежа на приватниот и работниот живот, Португалија минатата година донесе нов закон со кој им забранува на шефовите да контактираат со работниците по работното време.
Задолжително користење на ознаки за филтрирани фотографии
Инфлуенсерите и нивните навидум совршени, но всушност измислени животи станаа идеали кон кои се стремат младите ширум светот. Сепак, работите често не се баш онакви какви што изгледаат на социјалните мрежи. Вистината е дека тие се суштински различни. Токму затоа норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат ознака за да ги предупредат своите следбеници дека користеле филтри, односно ја украсиле својата виртуелна реалност.
Сите нови згради мора да имаат зелени покриви
Овој град стана првиот во светот кој донесе ваков закон. Имено, сите нови згради во Базел мора да имаат зеленило засадено на покривот, а законот важи и за сите стари згради кои се подложени на детално реновирање.
Задолжително засадување на две нови дрвја за секое родено дете
Во Велс е покрената иницијатива според која за секое родено дете се засадуваат по две дрвја. И додека едно дрво се сади во Велс, друго се сади во Уганда. Идејата е одлична, а таа е проширена и на посвоени деца, така што Велс и Уганда добиваат по две нови дрвја кога ќе се посвои дете.
Правењето селфи со Буда се смета за навреда во Шри Ланка
Во Шри Ланка, сликањето со грб кон статуите на Буда се смета за голем прекршок. Можеби ќе бидете принудени да ги избришете фотографиите. Дозволено е фотографирање до Буда, настрана, со телото свртено кон него и само главата кон фотографијата, но никогаш со грбот свртен кон Буда.
Ако не го шетате кучето 3 пати на ден, вие извршувате кривично дело
Ако поседувате куче во Торино, законот налага да го шетате најмалку 3 пати на ден. Ако не го направите тоа, според новиот закон може да се соочите со голема парична казна до 500 евра. Италија се смета себеси за нација што сака животни и во многу градови мачките скитници се заштитени со закон.
Заборавањето на роденденот на жената може да ве одведе директно во затвор
Светот е полн со заборавни сопрузи, но Самоа се обидува да го промени тоа. Баш како што сакаат жените. Таму е забрането да се заборави роденденот на сопругата, а мажот мора да одговара пред правдата и сепак да надомести за грешката. Ако сопругата ја пријави оваа ужасна грешка на нејзиниот сопруг во полиција, сопругот можеби ќе треба да го посети затворот и да одговори на некои брутални прашања. Значи, најдобрата опција за сопрузите во Самоа е да ги усреќат своите сопруги.
