Новости

Занимливости

ЗАД ХОРИЗОНТОТ: Адам е пронајден

Трите најголеми монотеистички религии зборуваат за постоењето на првиот човек,
чии потомци ја населиле Земјата. Нашиот заеднички прататко – Адам.

Неговото име (אָדָם) на хебрејски значи човек или човештво.

Но, можно ли е целото човештво да потекнува само од еден човек? И ако е така, како тоа може да се докаже?

Спенсер Велс (генетичар) објаснува дека нашата DNA е мешавина од сите наши предци.
Но, во неа има фрагмент кој останува речиси непроменет, а тоа е машкиот хромозом
“Y”, кој се пренесува од тато на син, како фамилијарно презиме.

Сепак, слично како презимето, и хромозомот “Y”, претрпува извесни мутации. Токму преку овие мутации, истиот може да се следи до т.н. супер предок, кој оставил генетски отпечаток на огромен број потомци.

После долго истражување на илјадници примероци, Велс успеа да стигне до најниските гранки од нашето фамилијарно дрво. Речиси сите мажи на светот, без разлика каде живеат и како изгледаат, ја имаат мутацијата која во науката е позната како “M 168”. Но, речиси не е доволно.

Конечно, одговорот е пронајден на островот Пате во Кенија. Униварзална мутација на “Y” хромозомот што ја има секој маж на планетатa Земја. Таа настанала кај еден човек (Современ човек) што живеел во источна Африка пред околу 60 000 години.

(Тоа и не е така далеку во споредба со помислата дека потрагата по заеднички предок би можела да не одведе до Хомоеректусот и пред тоа. Неколку милиони години наназад.)

Доколку се прашувате како е возможно речиси седум милијарди луѓе да бидат генетски наследници на само еден човек, имајте на ум дека човештвото во повеќе наврати доаѓало на работ на истребување.

Генетскиот Адам, не е првиот човек што постоел на Земјата, но е татко на целото човештво.

                            Димитар Захариевски

GOLD
To Top