Новости

Занимливости

ЗАД ХОРИЗОНТОТ: Дали живееме во паралелни универзуми?

Колку пати сте се запрашале што би било, кога би било? Каков би бил вашиот живот
доколку некогаш сте одлучеле да постапите поинаку?

Што ако веќе сте го направиле тоа и сега живеете со последиците од таквата одлука?
Можеби чудните закони на квантната механика направиле секоја ваша желба, но и секој ваш кошмар да биде реалност.


Познатиот австриски физичар, и добитник на Нобелова награда, Ервин Шредингер
преку својата равенка докажа дека:

*субатомските честички можат да постојат на повеќе места одеднаш, и дека
*повеќе честички можат да се наоѓаат на исто место во исто време.
Тоа значи дека светот на овие честички е заматен од можности, се’ до моментот кога некој ќе ги погледне (или измери). Во тој миг, сите можности се соединуваат во една дефинитивна реалност.

Но,  (физичарот) Френк Типлер оди и чекор понатаму од тоа.
Според него, ваквото гледиште покажува неконзистентност кон законите на квантната механика. Тој смета дека:
*секоја од можностите станува реалност во свој паралелен универзум и дека
*сите законите на квантната механика, важат и за целиот универзумот, бидејќи тој е изграден од честички.
Доколку Типлер е во право, тогаш постојат бесконечен број, не само можности, туку и бесконечен број реалности во бесконечен број паралелни универзуми.

Но, како да се докаже нивното постоење кога тие исчезнуваат во мигот кога ќе ги погледнеме? Можеби научниците се сосем блиску или веќе успеале да ѕирнат во друга реалност. Но, за тоа во некоја наредна прилика.

Дотогаш размислувајте за вашето евентуално постоење во алтернативна реалност и не заборавајте – доколку го читате ова, вие сте живи, а во огромен број паралелни универзуми  овој факт е поинаков. Сепак, овде и не е така лошо, нели?

Димитар Захариевски

GOLD
To Top