Новости

Занимливости

ЗАД ХОРИЗОНТОТ: Сирени – мит или реалност?

Митот за морски (човеколики) суштества,  се сретнува во многу култури од различни континенти, а за нивното постоење сведочеле и  познатите истражувачи: Кристофер Колумбо и Хенри Хадсон.

Слични приказни можат да се чујат и денес. Туристите и жителите на градот Кирјат Јам во Израел тврдат дека брегот неретко е посетуван од овие суштества.

Сепак, јавноста најмногу  беше шокирана по појавувањето на документарниот филм “Mermaids: The Body Found” (2012г.) во кој е прикажано  откритие на нов вид морски цицачи чии настанок се објаснува со т.н. акватичка теорија (ААТ).
Тим научници од НОАА, случајно успеале да снимат комплексен  звук што го нарекле “bloop” . Неколку години подоцна биле повикани во ЈАР за слично истражување каде, како што тврдат, во утробата на голема бела ајкула пронашле 30% од труп на непознат вид, за кој после бројни испитувања утврдиле дека станува збор за  човеколико морско суштество – сирена која користела примитивно оружје.
Веднаш потоа сите докази, освен аудио снимките им биле одземени.
Една година подоцна документарецот имаше свое продолжение “Mermaids:The New Evidence” со уште пофасцинантни моменти кои ги презентираа гостите во студиото на научниот канал “Animal Planet”. Документарецот веднаш стана вистински хит, соборувајќи ги рекордите на гледаност.

Но, на крајот на денот не се сумираат рејтинзите, туку фактите и доказите, а нив  (за жал) тука воопшто ги немаше. Имаше само убава приказна раскажана од актери кои беа претставени како научници. Уште еден пораз на науката и етиката.

Сепак, мора да се признае дека огромен дел од Светското Море се’ уште останува неистражен, што остава надеж за постоење на мистериозни суштества кои со векови ја бранувале човечката фантазија.

Димитар Захариевски

 

 

 

 

GOLD
To Top