Новости

Занимливости

Замисете да можевме да го контролираме уличното светло преку нашиот телефон? – Епа тоа го може СтокхолмВо едно место на Стокхолм може да се контролираат светлата од било кој со помош на телефон

Во едно место на Стокхолм може да се контролираат светлата од било кој со помош на телефон.

Сте знаеле ли за постоењето на 72 метарската кула во поранешниот штаб на Ериксон во Телефонплан? Значи не зборуваме за градскиот час во градот на конзулите, туку зборуваме за Стокхолм…Во ред, веројатно не знаете.

Секоја вечер, последните десет прозорци од оваа кула светат во различна боја, а каква ќе биде бојата зависи од вашата желба. Се што треба да направите е да ги изберите бројките на мобилниот телефон кој објаснуваат какво светло би се пуштило доколку се одлучите за нив. Оваа сензација била измислена од страна на дизајнерот Loove Broms, уметникот Erik Krikortz и архитектот Milo Laven. Најпрво станувало збор за уметничка инсталација, но подоцна овој тренд се проширил и во Шпанија, за подоцна „Color by Numbers“ да стане популарна инвентивна инсталација во целиот Стокхолм.

Ние само замисливме, а што ако некој ни даде далински управувач или можеби преку нашиот телефон да можеме да ги контролираме сите светла во градот и… Но, имаме ли светла? Ех, ако имавме… Можеби ќе ни беа дадени инструкции за да му додадеме на светов малку боја. Но, прво да излезиме од мракот, потоа следи бојата нели?

GOLD
To Top