Новости

Занимливости

Заработува дозволувајќи им на луѓето да го ,,тепаат” – Овој човек се опишува како тренер против стрес

Турчинот Хасан Риза Гунај сака да каже дека е тренер за стрес, што значи дека секојдневно добива ,,ќотек” од луѓе кои сакаат да се ослободат од гневот и на тој начин да го истурат.

Хасан менувал многу работни места во САД, а потоа во 2012 година станал првиот регистриран во Турција кој заработувал на ваков начин.

Тој вели дека инспирацијата за започнување на овој бизнис ја добил од една сцена од филм на турскиот актер Кемал Сунал. Токму во тоа време тој останал без работа и дошол до идеја дека луѓето би сакале да платат доколку на тој начин можат да го ублажат стресот и гневот.

„Стрес тренерот“ вели дека дава професионална поддршка и организира настани за луѓе кои се депресивни, имаат напади на паника или се под стрес.

Во својата работа многу вика (или провоцира), за да ги натера луѓето да се ослободат од гневот, стравот и насобраното незадоволство. Понекогаш на заштитната кацига што ја носи става фотографија од личноста кон која е насочен гневот, за клиентот да има дополнителен мотив да ја покаже својата агресивност.

За време на ,,сесијата” клиентите го навредуваат и му кажуваат грди зборови, но Хасан ништо од тоа не сфаќа лично, бидејќи му е јасно дека тоа не е насочено кон него. „Стрес тренерот“ забележува дека 70 отсто од неговите клиенти се жени кои можат, доколку сакаат, да добијат боксерски ракавици.

Бидејќи е повредуван секој ден, Хасан ги презел неопходните мерки за да го заштити телото од удари. Задолжително носи штитови и шлем, а особено ја заштититил носната коска и долниот дел на грбот од удари.

,,Кога работите со мажи, заштитете се дополнително, бидејќи просечната жена има сила на момче од 12 до 14 години.”

Хасан е толку вешт во проценката на луѓето што веднаш сфаќа зошто некој му се обратил, додавајќи дека има клиенти кои сакаат да си го задоволат егото, а за нив има посебна цена.

Извор: 24sedam.rs

Евротип
SNBROKER
To Top