Новости

Занимливости

За Гинис: На ролни хартија напишала писмо долго 434 метри

Една жена по име Кришнаприја од јужна Индија му напишала писмо долго 434 метри на својот брат на ролни хартија тешки повеќе од пет килограми.

Кришнаприја го направила овој необичен потег, за да го надомести тоа што заборавила да му го честита Денот на братството.

Оваа жена решила да му напише навистина долго писмо на својот брат откако тој се почувствувал „непочитуван“, кога заборавила да му го честита Денот на братството, кој се слави на 24 мај.

Нејзиниот помлад брат кој има 21 година, прекинал секаква комуникација со својата сестра, а ја блокирал и на социјалните мрежи,

Кришнаприја, која работи како инженер во јужната индиска држава Керала, одлучила опширно да пишува за нејзината љубов кон својот брат, објави Press Trust of India.

Писмото на крајот било долго 434 метри. Кога братот го добил пакетот два дена подоцна, првично мислел дека тоа е роденденски подарок, но бил изненаден кога пронашол епско писмо кое тежело околу 5,27 килограми.

,,Заборавив да му посакам среќен празник. До вечерта тој престана да ги прима моите повици и исто така ме блокираше на WhatsApp. Затоа решив да му напишам писмо. Почнав да пишувам на листови А4, но набрзо сфатив дека тоа нема да биде доволно затоа што имам многу да му пренесам“, изјави таа за локалните медиуми.

,,Затоа решив да купам поголеми листови хартија. Но, кога отидов на пазар, тие рекоа дека имаат само ролни за сметководители кои се подолги. Така добив 14 ролни. Ми требаа околу 12 часа да го завршам целото писмо. “, додаде Кришнаприја, која е седум години постара од нејзиниот брат.

„Бев повредена и разочарана кога оваа година не ми го честиташе Денот на братството. И се јавив подоцна во текот на денот, но таа беше зафатена со работа и затоа не разговарав долго и ја спуштив слушалката. После тоа , ја блокирав на WhatsApp. Се чувствуваше лошо поради тоа што се случи и затоа го напиша писмото. Бев многу среќен кога го добив“, рекол братот на госпоѓата која веројатно поради уникатното извинување ќе влезе во гинис.

Кришнаприја смета и дека ова би можело да биде најдолгото писмо некогаш напишано и затоа се пријавила до претставниците на Гинисовата книга на рекорди.

Евротип
SNBROKER
To Top