Новости

Занимливости

За што всушност наздравуваат луѓето низ Европа додека „пијат“?

Ние обично наздравуваме со зборовите „Да живееме“. Останува нејасно како консумирањето алкохолни пијалоци ќе ни помогне да бидеме поздрави и да живееме подолго, но сигурно не сме единствените во светот кои не се свесни за очигледните противречности меѓу нашите зборови и постапки кога пиеме со некои пријатели и блиски луѓе.

Од друга страна, некои народи наздравуваат за среќа, како што се Романците, додека други, како Британците, наздравуваат од радост. Интересно е што во Грузија, луѓето наздравуваат за победа, а нивните соседи Азербејџанците за честа. Секој пак, што бил на Октоберфест, има забележано дека Германците викаат „Prost“ кога „тропаат“ кригла со друга кригла со пиво. Овој збор потекнува од латинскиот збор „prōsit“, чиј буквален превод гласи: „нека ни биде корисен“. Кога наздравуваат, Шпанците всушност се поздравуваат велат „salud“ или „salut“, во зависност од регионот, а и Италијанците го прават истото, па во ваквите пригоди извикуваат „alla salute“.

Значи заклучивме дека преводот на „наздравувањето“, не е секаде ист, иако од секогаш сме мислеле дека е така. Сепак, дали наздравуваме за чест, за наше здравје, за живот, победа, корист, среќа или се поздравуваме, срдечната насмевка е нешто што не поврзува и не прави сите исти.

Епа сега…не поврзува или тоа, или можеби алкохолот. Па од каде инаку ќе доаѓаше насмевката?!

Евротип
Евротип
To Top