Новости

Занимливости

Зошто ананасот е на врвот на трофејот на Вимблдон – најстариот турнир во тенис?

Доколку го сакате тенисот и редовно го следите, веројатно овие денови уживате во Вимблдон, третиот Гренд Слем турнир сезонава, кој се одржува во Лондон. На овој шампионат настапува и познатиот Новак Ѓоковиќ, кој е прв фаворит за освојување на титулата во машка категорија.

Ако успее, ќе биде награден со традиционална позлатена чаша со симбол на мал ананас одозгора. Зошто ова овошје е на врвот на овој трофеј висок 45 сантиметри?

Нема историски податоци кои ја откриваат вистинската мотивација на авторот на трофејот, но според познавачите на англиската историја и култура постои една теорија.

Како што веројатно знаете, ананасот не расте во Англија, туку главно во Јужна и Централна Америка и западна Африка. Пред 135 години, кога се одржал првиот Вимблдон, само најбогатите слоеви од населението можеле да уживаат во ова овошје, бидејќи ананасот многу малку се увезувал од далечните земји, па затоа бил многу скап.

Тој бил еден вид симбол на луксуз и префинет вкус. Ако, на пример, ви понудиле ананас за вечера во англиски дом, требало да се чувствувате многу почестени бидејќи ова овошје не било наменето за секого.

Се претпоставува дека оваа симболика на ананасот го инспирирала авторот на трофејот на Вимблдон да го стави на врвот на позлатената чаша.

Интересно е што победниците на третиот Гренд Слем во машка категорија не го носат со себе овој традиционален трофеј, туку тој останува на полиците на Вимблдон.

Евротип
SNBROKER
To Top