Новости

Занимливости

Зошто грипот скоро целосно исчезна оваа зима

Пандемијата на коронавирусот се чини дека има драстично намалување на бројот на заболени од грип, на ниво кое не е видено во последните 130 години.

Медицинските експерти во Велика Британија наведуваат дека се чини дека грипот е скоро целосно избришан, бидејќи бројот на пациенти опадна за 95%, пренесува Сандеј тајмс.

Според податоците до кои дојде весникот, бројот на заболени од грип кои биле дијагностицирани од лекарите е 1,1 на 100 000 луѓе, во споредба со претходниот петгодишен просек од 27 на 100 000 луѓе.

Податоците се поврзани со втората недела од јануари, што е обично врв на сезоната на грип, кога илјадници се хоспитализирани. Ниту еден пациент во Англија не бил примен во болница кон средината на јануари годинава поради грип.

„Не можам да се сетам на ниту една година кога се случило нешто слично“, рече Симон де Лусинјан, професор по примарна здравствена заштита на Универзитетот во Оксфорд.

Џон Мекаули, директор на центарот на Светската здравствена организација во Лондон, рече дека овие бројки се без преседан.

Професорот Мартин Маршал, претседавач на лекари по општа пракса на Кралскиот колеџ, смета дека бројните мерки преземени во борбата против Ковид – 19 се веројатно клучен фактор во падот на бројот на заболени од грип.

GOLD
To Top