Новости

Занимливости

Зошто зајакот го поврзуваме со големиот христијански празник Велигден? Кои се легендите кои стојат зад оваа приказна?

На големиот христијански празник Велигден, секогаш е присутно зајачето во декорирањето и во целата таа убава приказна. Но сте ли знаеле од каде точно потекнува неговата поврзаност со овој празник. Постојат многу легенди за ова и многу верувања, а едно од тие верувања вели дека токму зајакот, јајцата и пролетта имаат една заедничка работа , а тоа е раѓањето на нов живот, односно повторното раѓање. Години пред да се појави христијанството се верувало дека зајакот е симбол на плодноста, а велат и дека луѓето си разменувале јајца како симбол за нов живот, изобилство и раѓање.

Но, според една легенда, зајакот всушност се поврзаува со приказната на божицата Еостре која според приказните е симбол на пролетта, убавината, цвеќињата. Токму од неа, доаѓа името Велигден (на англиски Easter). Во таа легенда се раскажува дека Еостре спасила птица која умирала од студ и ја претворила во зајак за да ја заштити. Еостре дури и понудила и сместување во нејзиниот замок, а од благодарност зајакот или прправената птица, секоја година донирал јајца на божицата, како и на децата ширум светот.

Зајакот веќе долго време е симбол на плодноста, додека пролетта е симбол на повторното раѓање. Иако зајакот не неси јајца, нивната врска со него дојде скоро природно.

Со векови, овие антички симболи биле поврзани со христијанскиот празник Велигден, така што двете традиции се споиле.

GOLD
To Top