Новости

Занимливости

Зошто кога наздравуваме, се ,,чукаат” чаши? – Што се крие зад легендите?

Ретко е собир или прослава што може да помине без познатото ,,да живееме“, наздравувањето и тропање на чашите.
Но, сте се запрашале ли зошто луѓето се ,,удирљат” со чашите додека наздравуваат?

Оваа честа навика има приказна која се враќа далеку во минатото и зад неа стојат интересни легенди.

Една од легендите вели дека во средниот век, луѓето тропале чаши за да ги истераат демоните. Приказната е поврзана со црковните sвона, за кои се веруваше дека звукот ги брка сите темни сили.

На средновековните судови во Европа, непријателите биле „отстранети“ со истурање отров во вино.

Откако оваа „тајна“ стана позната, за да ја добие довербата кај гостите, домаќинот на големи гозби силно ја судирал својата чаша со чашите на гостите за да им се помешаат пијалоците, и така гостите биле сигурни дека отровот не се криел во нивното вино.

Оттука и обичајот домаќинот секогаш прв да го проба виното пред да му го понуди на гостинот.

Во античка Грција пак, се верувало дека виното ,,внесува” убавина во сите сетила, па освен вкус, боја и мирис, тропањето чаши создавал атмосфера и за ушите.

GOLD
To Top