Новости

Занимливости

Зошто плачеме? Од што се составени солзите? – Интересни факти за овој сеуште недоиспитан ,,феномен”

Просечен човек ,,лее” од 70 до 100 литри солзи во текот на својот живот.

Најголем дел од таа течност исфрламе со „емотивно“ плакнење, а покрај него има и „рефлекс“ кој настанува поради надворешни дразби и „базален“ кој служи за навлажнување на очите.

Овој феномен сè уште не е доволно истражен, а мал број луѓе се заинтересирани за него, како д-р Ада Вингерхојтс.

Сите три вида солзи се состојат од вода, електролити и протеини, но во различни пропорции. На пример, солзите што ги пролеваме кога сме тажни содржат повеќе протеини и серотонин отколку рефлексните солзи.

Причината за плачење кај децата е од еволутивна природа. Се смета дека бебињата на овој начин се обидуваат да го привлечат вниманието на своите родители.

Кој плаче повеќе? Мажите или жените?

Секако дека го знаеме одговорот – жените. Но, зошто е тоа така?!
Според информациите кои ги дава германскиот институт за офталмологија, мажите плачат од 6 до 17 пати годишно, а жените дури пет пати повеќе. Овие разлики стануваат очигледни дури по тринаесеттата година, кога момчињата и девојчињата плачат исто.

 

Д-р Вингерхоитс вели дека плачењето кај двата пола предизвикува исти работи, а најчести причини се љубовните таги, тагата и носталгијата.

Општествено е поприфатливо жените да ги покажуваат своите емоции во јавност отколку мажите, па една теорија е дека солзите се природна женска реакција на чувството на беспомошност, додека мажите избегнуваат да го признаат таквото чувство.

Секако, на тоа големо влијание имаат и социјалните притисоци кои често ги осудуваат машките солзи.

Солзите ослободуваат или не?

Едно од објаснувањата е дека луѓето плачат за едноставно да се чувствуваат подобро, но доктор Вингерхоитс не верува во тоа.

Различни студии покажаа дека луѓето кои патат од депресија не чувствуваат никакво олеснување после плачење. Исто така, солзите не ни помагаат кога се справуваме со трауматски настани врз кои немавме никакво влијание, како што е смртта на некој близок.

Сепак, вистина е дека солзите се всушност нечија реакција на настаните во надворешниот свет.

Секако дека ќе се чувствуваме подобро кога ќе добиеме емоционална поддршка од луѓето околу нас – вели Вингерхојтс.

Дали солзите влијаат врз нашето здравје?

Лекарот исто така не верува дека плачењето има штетно влијание врз нашето здравје, освен ако не е предизвикано од долготрајно и болно потиснување на емоциите, што укажува на поголеми психички проблеми.

Една стара грчка поговорка вели дека само добрите луѓе плачат. Навистина, луѓето кои плачат често оставаат впечаток на емпатични луѓе. Според Вингерхоитс, тоа е дел од одговорот на оваа дилема.

Солзите создаваат социјална врска меѓу луѓето – додава тој.

Евротип
SNBROKER
To Top