Новости

Занимливости

Зошто Јапонците додека јадат, седат на подот?

Многумина од нас можеби си мислеле дека ова е некаква можеби „спиритуална“ традиција која нема никаква врска со храната, но вистината е многу поинаква.

Јапонците го прават тоа, затоа што има многу бенифиции во однос на внесувањето на нивната храна, тврдат тие. Најпрво, оваа позиција помага во варењето на храната. Кога седите на подот, всушност несвесно правие јога, а оваа конкретна поза, се нарекува „сухасана“ и таа овозможува и се верува дека го зголемува протокот на крв во стомакот, помагајќи полесно да се вари храната и да извлечете повеќе витамини и хранливи материи од неа.

Исто така, додека седите на подот, истовремено го смирувате и умот, а кога вашиот ум е смирен, можете да уживате во храната повеќе и да јадете само додека не се засите.

Меѓу другото, верувале или не, во оваа позиција на телото, можете да го спречите таложењето на вишок килограми. Всушност, еве што се случува: Дигестивниот систем лачи хормон наречен лептин, а тој е основниот „виновик“ кој испраќа сигнал дека вие веќе сте внесиле доволно храна, па така, ве спречува да се прејадете. Освен ова, седењето како Јапонците може да спречи неправилно држење на телото и грбот и овозможува рамената да станат посилни.

Кога седите долго на стол, колковите се вкочануваат. Седењето на подот, сепак, ви овозможува да ги протегнете колковите и зглобовите, правејќи ги зглобовите пофлексибилни.

Хм… можеби се во право! Нели?

GOLD
To Top