Извонредните уметнички цртежи можат да бидат изработени од кафе, доколку немате други бои и материјали

Миризбата на кафе, топлината на џезот кој не е само музика, туку има посебна магија. Барем за нас е така. Ок, не ве обвинуваме ако не го сакате џезот, но овој пат зборуваме за кафе и тоа не за „кафе – муабет“, ами за уметноста која може да се направи од овој фантастичен пијалок.
Уметничките души и креативците добро знаат дека убавината и целта на финалната извонредна уметност доаѓа како последица од правењето нешто од ништо. Па, така тие ако немаат материјали, се снаоѓаат со што и да најдат при рака. Се што ви треба се две – три кесички кафе, вода, четки и секако…талент.
Еве за што зборуваме. За оние кои знаат да цртаат, се надеваме дека ќе им помогнеме и ќе им дадеме идеја со овој туторијал, а другите остануваме да се фасцинираме на оваа идеја, која можеби и не е најнова, но секогаш одново е воодушевувачка.
