Новости

Занимливости

Интересни факти за животот на Алберт Ајнштајн кои не сте ги слушнале

*Ајнштајн имал огромно досеие во ФБИ и бил поврзан со социјалистички и мировни движења. Досието било со големина од над 1400 страници.
Во 1952 му било понудено да стане претседател, после смртта на тогашниот Израелски претседател. Но, тој љубезно одбил велејќи дека не ја поседува природната способност да се занимава со луѓе.

*Се шпекулирало дека жената со која имал љубовна афера, Маргарита Коненкова, била руски шпион, но историчарите никогаш не ги потврдиле овие наоди.

*Ајнштајн бил страстен пушач, а често бил фотографиран и со своето луле. Дури и кажал дека оваа лоша навика му помогнала во работата, велејќи дека пушењето луле придонесува за смирено и објективно расудување.

*Она што го комплетирало неговиот чуден ,,несреден” изглед, бил фактот што Ајнштајн никогаш не носел чорапи.

*После неговата смрт, докторот Томас Штолц Харви иако немал дозвола, извршил обдукција на неговото тели и му ги извадил мозокот и очите, а остатокот од телото го дал на кремирање. Ова било спротивно на желбата на Ајнштајн, кој сакал целото тело да му биде кремирано. Тој ветувал дека ќе го истражува мозокот на големиот научник, но тоа никогаш не се случило.

Евротип
SNBROKER
To Top