Новости

Занимливости

Интересни факти за кучињата кои докажуваат дека тие ги разбираат луѓето

*Малечките кученца сакаат да им се обраќате како кон вашите бебиња
Кученцата реагираат подобро на високи отколку на ниски тонови штом слушнат човечки глас. Според некои истражувања, се докакажало дека кученцата можат многу повеќе да го разберат човечкиот говор  само преку високите фреквенции. Но, тоа не се случува кога ќ пораснат. Како и луѓето, треба да сме свесни дека тие стареат и немаат потреба да им се обраќаме како кон мали деца.

*Сакаат музика исто колку и човекот
Истражувачите од Универзитетот во Глазгов, им пуштиле пет стилови од различни музички траки на кучињата и го следеле нивното ниво на стрес. Иако реакциите биле различни, се заклучило дека музиката кон сите имала смирувачки ефект. Од тука се донесол и друг заклучок. Кучињата веројатно имаат свој стил. Тие најповеќе сакаат лајт рок и реге музика. Паметни се нели? Не баш се смируваат на метал музика или некој тежок турбофолк!

*Кученца од епрувета
Истражувачите од Смитсонијан институтот и Универзитетот Корнел, по неколку децении успеле да направат ин витро оплодување кај кучињата. Научниците се надеваат дека ќе го искористат ова, за да спречат генетски болести кои се вообичаени за луѓето и кучињата.

*Во рамките на семејството
Кога станува збор за социјалната интелигенција, малите деца покажуваат повеќе сличности со кучињата отколку на шимпанзата, иако шимпанзата се потесно поврзани со луѓето. Но, научниците од Универзитетот во Аризона утврдиле дека кучињата и децата извршувале некои комуникациски задачи подобро од шимпанзата, пишува Национална географија.

GOLD
To Top