Дали сте знаеле дека ако се напиете половина чаша вода пред спиење и половина чаша вода откако ќе се разбудите наитро, ќе ви помогне да ги запомните соновите.
Нема човек кој не сонува. Ако мислите дека вие никогаш не сонувате, сигурно се сте заборавиле.
И животните сонуваат како и човекот, а и слепите луѓе сонуваат исто како и другите, но кај нив се развиени другите сетила, како што е мирисот, звукот и допирот.
Луцидно сонување е она кога оној кој сонува е свесен за тоа и може да го контролира сонувањето.
Лицата во сонот се сите оние кои ги имаме веќе видено во животот само што некои свесно не сме ги заприметувале.
Докажано е дека на жените сонот им трае подолго од мажите.
Нашето тело согорува многу повеќе калории во текот на спиењето и сонувањето отколку во текот на денот.
Не можеме да читаме во сонот затоа што процесите на читање и сонување се на различна страна на нашиот мозок.
Се на се, сме изгубиле 6 години во сонување од нашиот живот.
Луѓето кои остануваат будни до доцна во ноќта имаат поголема веројатност да сонуваат кошмари.
Во сонот обично преовладуваат негативноте емоции.
Периодот околу 3 и 4 часот после полноќ, нашето тело е најслабо, па затоа во тој период се случува гаснење на многу животи. (Ова е малку морбидно)
Во просек сонуваме 4 до 5 сонови во текот на ноќта.
Луѓето со психички проблеми како повеќекратна личност, немаат способност да сонуваат.
Кога мажите сонуваат, веројатноста во сонот да видат само мажи е 70%, а кога жените сонуваат веројатноста во сонот да видат и жени и мажи е 50-50%.
Телото во т.н. Рем фаза може да се парализира и тоа се случува кај повеќето сонувачи кои свесно знаат дека се парализирани и не можат да се разбудат. Епа тоа било нормално. Без паника!