Новости

Занимливости

Истражувањата докажуваат – Според посилниот пол, жените се убави само додека се млади!

Секој има своја убавина или секој е привлечен на свој начин.Сепак, штом станува збор за ова, ,,натпреварот” е сосема погрешниот избор, па кога би зборувале за изгледот, не треба да се генерализираат работите.

Сите имаме различни вкусови и сосема различни работи во нас можат да предизвикаат чувство на копнеж кон друга личност.

Но, и покрај ова, многу истражувачи одлучија да се осврнат на темата ,,привлечност” и да утврдат токму на која возраст жените и мажите се најпривлечни.

Како што се очекуваше, ситуацијата е различна во зависност од полот.

Според истражувањето на Елизабет Брух, професор по социологија на Универзитетот во Мичиген, мажите во очите на жените се во просек најпривлечни околу 50-та година од животот. Поточно, периодот на нивната најголема привлечност започнува на четириесет години и кулминира во педесеттите години,

Од друга страна, истражувањето спроведено врз жени покажало дека (според мажите) периодот на најголема женска привлечност започнува по 18-годишна возраст и само се намалува со возраста, пишува Zadovoljna.hr.

Податоците од друга студија потврдија дека мажите претежно ја идентификуваат привлечноста со младоста и веруваат дека припадничките на понежниот пол се во просек најатрактивни на возраст од 23 години.

GOLD
To Top