Италијанка прави уметнички дела од истурено кафе

Италијанката Џулија Бернардели е една од оние извонредни уметници кои буквално прават од ништо нешто.
Некои луѓе се толку талентирани за уметност што можат да се инспирираат од најнеочекуваните работи, како што е истуреното кафе.
Во една пригода оваа 34-годишна дама цртала и истовремено пиела кафе. Меѓутоа, во еден момент таа направила ненадејно движење со раката и ненамерно исфрлила шолја кафе. Жешката течност се распослала на подлогата за цртање, која поради некоја причина ја инспирирала Јулија да земе лажичка во раце и да ја користи како вид на четка за сликање со истуреното кафе. Тоа беше неочекуваниот почеток на нејзината голема авантура за правење уметнички дела од кафе.
Џулија Бернардели, стекна солидно ниво на популарност, па нејзиниот профил на Инстаграм денес има нешто повеќе од 100.000 следбеници. Отворете ја нејзината галерија на оригиналниот текст кој госоопштува овој невообичаен процес на создавање уметност и запознајте се со нејзините необични уметнички дела од истуреното кафе.
Извор: Design You Trust
