Новости

Занимливости

…И додека светот е во криза, милионерите чекаат да се повозат со најлуксузниот воз од стакло кој веќе е во изградба!

…И додека светот е во криза, милионерите чекаат да се повозат со до сега најлуксузниот воз од стакло кој веќе е во изградба!

Станува збор за палата на шини. Луксузен стаклен воз кој би чинел 350 милиони долари!

Францускиот дизајнер Тиери Гоген, со луксузен воз направен по мерка на еден среќен и многу богат сопственик, планира да го подигне искуството од патување со воз на сосема ново ниво.

До пред неколку години се чинеше дека патувањето со воз на долги патеки ќе стане минато, но работите многу се променија од тогаш. Класичниот стил на патување повторно оживува.

Во моментов се подготвуваат разни нови возови и правци, вклучувајќи го италијанскиот воз Долче Вита, кој треба да поминува на десет линии низ најпознатите региони, како и претстојните „ноќевања на пругите“, што ќе го поврзат Париз со 12 различни европски дестинации.

Тиери Гоген, кој работеше на бројни проекти заедно со познатиот дизајнер Филип Старк, е познат по импресивниот дизајн на јахтата Венера долга 80 метри, која ја изработи за Стив Џобс. Овој пат, Гоген одлучи да дизајнира приватен воз.

Најавен како луксузен „железнички дворец“, овој воз долг 400 метри со 14 вагони ќе биде направен од стакло кое благодарение на напредната технологија ќе може да биде непробивно и целосно транспарентно.

“Овој воз е наменет за еден сопственик. Сопственикот што го замислувам е некој кој е свесен за уникатноста на овој воз и разбира дека не се работи само за превоз. Се работи за патување, а не за тоа колку брзо стигнувате од точка А до точка Б “, нагласува познатиот дизајнер, кој на својот воз гледа начин на превоз во кој патниците подеднакво, ако не и повеќе, ќе уживаат во патувањето, отколку на избраната дестинација.

Патниците нема да можат да ја сменат само надворешноста на возот со притискање на копче, туку ќе можат да го сменат „внатрешниот амбиент во кој било дел од возот“.

Гоген открива дека, додека го дизајнирал возот, имал на ум една личност – Лорен Пауел Џобс, вдовицата на Стив Џобс.

„Кога ми дојде идејата, за прв пат мислев дека е потенцијален иден сопственик на овој воз“, признава тој.

Возот треба да чини околу 350 милиони долари, а неговата изградба ќе трае најмалку две и пол години.

Се планира возот да прими околу 18 патници, а возот ќе може да развие брзина од 160 километри на час и ќе биде прилагоден за на железничката мрежа низ Америка и низ Европа. Дополнително, се предвидува возот да може да се подели на два дела доколку патниците одлучат да одат во различни насоки.

Гоген, исто така, вклучи различни експерти во проектот, како швајцарскиот производител на возови „Stadler”, производителите на стакло од
,,Saint-Gobain“, британската инженерска фирма ,,Ecklersley O’Callaghan” и безбедносната компанија „Marine Guard” за да се осигураат дека неговиот дизајн е изводлив.

Патниците влегуваат преку салон за добредојде во средината на композицијата, што води до главниот простор, кој вклучува сопствена соба и простор за забава, како и простор за специјални гости, салон и голема дневна специјално дизајнирана за приеми.

Гостите исто така ќе имаат пристап до „тајната“ градина, а крилата на возот ќе можат да се расплетуваат за да обезбедат тераса на отворено каде што ќе може да се одржуваат забави, па дури и концерти.

Евротип
Евротип
To Top