Новости

Занимливости

Какви чувства ни предизвикуваат боите?

Според многу психолози, докажано е дека човекот доживува различни емоции гледајќи се во одредени бои. Еве што ни се случува кога се гледаме во одредена боја.

Жолта – Оваа боја е боја на младоста, љубопитноста и креативноста, па кога ја гледаме сме токму такви. Креативни, љубопитни и да, се чувствуваме помлади и повитални. Тоа е веројатно така, затоа што жолтата е боја на светлината и предизвикува позитивни чувства.

Зелена – Во исто време зелената боја може да не смири и да не оживее. Кога ја гледаме зелената боја може да почувствуваме среќа и да станеме потрпеливи. Таа знае да стави рамнотежа во нашите емоции и токму затоа се чувствуваме пријатно штом ја гледаме.

Сина – Штом се гледаме во оваа боја, се верува дека таа ни помогнува да сме концентрирани и помага при носењето на мудри одлуки. Сината боја не тера да размислиме подлабоко и да се ослободиме од проблемот.

Портокалова – гледајќи во неа се чувствуваме креативно, удобно, инспирирани сме.

Виолетова – Боја на интелигенцијата и на емоциите. Изразува и пренесува чувство на нежност, а истовремено и на престиж.

Црвената боја – Перцепирајќи нешто што е црвено, прави да се чувствуваме во совршен микс од истоимени емоции, како опасност, страст, динамика, виталност, брзина.

Розова – Не беспотребно се вели ,,Извади ги розовите очила!” , во превод ,,Светот го гледаш само од убавата страна!”. Оваа боја предизвикува забавни емоции и навистина е баш ,,розова”. Разиграни, весели позитивни чувства се појавуваат штом човек гледа во неа.

GOLD
To Top