Новости

Занимливости

Какво значење има бојата на велигденските јајца

Јајцето е симбол за овој голем христијански празник, но секоја боја што ќе ја нанесете на него, означува нешто, па така со секоја боја всушност вие посакувате одредени желби.

1.Црвена боја

Оваа боја е поврзана со крвта на Исус Христос. Затоа црвената боја е симбол на љубов и жртва за доброто на сите луѓе.

2. Виолетова

Виолетовата боја на велигденските јајца, го претставува кралството Божјо и се верува дека оваа боја носи богатство.

3. Зелена боја

Покрај тоа што е боја на тревата, зелената носи и трошка надеж, па затоа претставува раѓање и обновување.

Новите растенија се појавуваат кога тревата и лисјата повторно стануваат зелени.

4. Светло сина боја

Ова е боја што го симболизира рајот или водата. Светло сината боја означува и почеток на нова креација, мир и хармонија.

Имено, чистото сино небо и дождот се тие што се поврзуваат со пролетта.

5. Жолта боја

Не е ни чудо што жолтата боја е поврзана со сончева светлина. Тоа е боја што носи среќа и радост.

6. Портокалова боја

Портокаловата боја претставува надеж и е поврзана со нова зора, почетокот на новиот ден и новата сезона.

7. Розова боја

За време на Велигден, розовата боја симболизира нов, почеток. Исто така, ова е боја која се поврзува зо радост и среќа.

GOLD
To Top