Новости

Занимливости

Како да привлечете пари? – Ритуали и верувања кои привлекуваат финансиска благосостојба

Ако верувате во моќта на привлекување нешта, можете да пробате одредени предмети и мали ритуали за кои се верува дека привлекуваат пари во вашиот дом. Според некои верувања, овие работи привлекуваат финансиска благосостојба

1. Напишете ги желбите на црвена хартија и врзете ја со свилен конец во иста боја. Оставете ја таа хартија на местото каде што обично чувате пари во куќата или ставете ја во вашиот паричник.

2. Ловоров лист за богатство и среќа. Се верува дека ловоровиот лист носи среќа, па можете да нацртате симбол на валута на него со маркер по желба.

3. Ориз. Во Кина постои верување дека оризот е симбол на исполнет живот и изобилство. Затоа се смета дека со чувањето на 21 зрно ориз во паричникот се заштедуваат пари и се спречува неговото претерано трошење.

4. Никогаш немојте да го имате вашиот паричник празен. Секогаш чувајте ги парите во вашиот паричник, дури и ако тоа е најмалиот износ. Освен тоа, избегнувајте да чувате во него искинати и стари банкноти бидејќи привлекуваат лоша енергија. Доколку имате навика да држите некои валути кои веќе не се во оптек, веднаш исфрлете ги.

Евротип
SNBROKER
To Top