Новости

Занимливости

Како изгледаат венчавките во светот во поглед на нивната традиционална облека

Индија

Во индиската култура, розовите или црвените венчаници честопати се изборот од страна на невестите. Девојките кои стапуваат во брак и кои доаѓаат од северот од земјата, честопати може да се видат со црвена точка во средината на челото.

Казахстан

На традиционалната казахстанска венчавка, невестите обично носат асесоар или можеби капа, позната како „Саукеле“, како и превез на лицето. Саукелата обично се подготвува долго пред девојчињата да достигнат возраст за брак.

Нигерија

Нигерија е голема земја со околу 250 етнички групи и над 500 јазици. Свадбените церемонии се менуваат според регионот, религијата и етничката припадност. Сепак, нигериските невести често носат свадбена облека во светли бои. Тие исто така често носат вратоврска за глава наречена „Геле“.

Украински Карпати

Постои тно-културна група на Украинци кои живеат со векови на планините на Карпатите. Традиционалната облека за нивните венчавки е многу шарена, а самите свадби се многу „живи“, забавни и полни со танцувања, игри и шеги.

Гана

Традиционалните свадби во Гана честопати се многу шарени и секое семејство има свој идентитет кој е претставен во ткаенина која ја носат невестата и младоженецот.

Јапонија

За традиционална јапонска венчавка, невестата често носи чисто бело кимоно за свечената церемонија, што ја симболизира чистотата и деветственоста. После церемонијата, невестата може да се пресеоблече во црвено кимоно со што симболизира среќа.

Шкотска

Мажите во Шкотска традиционално носат „килт“ (крпа или ќебе завиткано околу половината). Секој младоженец припаѓа на одреден клан, а секој клан има свој модел предодреден за венчавка. По завршувањето на церемонијата, невестата носи шал украсен со родови бои со нејзиниот нов сопруг за да ја означи нејзината наклоност кон неговото семејство.

Ако сакате да дознаете и за некои други култути, разгледајте го целосниот текст и во продолжение погледнете го видеото.

GOLD
To Top