Новости

Занимливости

Кафето секогаш е во комбинација со чаша вода, но сте знаеле ли дека таа не е наменета за пиење?

Кафето е култ, разговор, дружба. Кафето е нешто без кое никако не би започнал денот и не би траел. Но, во многу земји културата за пиење на кафе, варира од земја до земја. Овој пијалок најчесто се служи со чаша вода, но дали сте знаеле дека всушност таа чаша вода на почетокот не била измислена за пиење.

Пиењето кафе како тренд, се појавил во 16 век. Турците и Грците веднаш го прифатиле, додека пак во Западна Европа овој „отмен ритуал“ настанал многу подоцна, на крајот на 19 век.

Она што е интересно е дека чашата вода што доаѓа со кафето не била наменета да се пие. Во тоа време, многу дами се жалеле дека имаат потешкотии со лажицата што се користи за мешање шеќер и кафе.

Не им се допаѓало тоа што ја валкаат лажицата со пена, а потоа мораат да ја стават на работ од послужавникот. Во тоа време, многумина овој потег го сметале за некултурен и нималку елегантен, па рестораните вовееле чаша вода што доаѓала со кафе.

Нејзината цел всушност била гостите да можат да ја измијат валканата лажица и дури потоа да ја спуштат на послужавник.

На почетокот се користела чаша вода за чистење на валкана лажица, но овој ритуал го променил своето значење од 1873 година, кога биле воведени првите градски системи за вода, од планински извори. Тогаш кафулињата сакале да покажат дека пијалоците ги подготвуваат со кристално чиста изворска вода.

Евротип
SNBROKER
To Top