Новости

Занимливости

Кафуле во Виена ќе ви наплати доколку го полните својот мобилен или лап топ

Сопственичка на кафуле во Виена им наплаќа на гостите доколку сакаат да го наполнат својот мобилен телефон, лап топ или таблет.

Галина Покорни на гостите им наплаќа по едно евро, но доколку ги полнат своите уреди со часови.

„Туристите –  секогаш струја, струја, струја. Извинете, но кој ќе ми плати мене за тоа?“, вели таа во изјава за Ројтерс.

Доколку некој го полни својот уред во ова кафуле 15-на минути, нема да се наплати. Но се повеќе од тоа ќе биде наплатено на сметката. Во зависност колку полначи ви се поврзани на струја, за секој ќе си платите по едно евро.

„Јас имам кафуле, а не интернет кафуле,“ вели таа.

Сопственичката вели дека нејзиното кафуле е првото кое воведе ваква наплата во Австрија. Таа почнала минатата година, но се актуелизира минатата недела откако во весник беше објавена сметка во која се состоеше наплата за користење струја.

Фото: Ројтерс

Фото: Ројтерс

GOLD
To Top