Новости

Занимливости

Кафуле во кое температурата е толку ниска што гостите смеат да седат само половина час

,,Подгответе ги капите и ракавиците: Кафуле во кое спас од топлотниот бран се бара на минус 7 степени Целзиусови. 

Температурата внатре е толку ниска што на посетителите им се даваат капути и ракавици од руно, а посетите се ограничени на помалку од половина час…”

Пабот Ајс се наоѓа во центарот на чешката престолнина и нуди кратко бегство од високите температури во арктички услови. Токму поради фактот што цела Европа ја зафати топлотен бран, го најдовме ова необично место,(барем да се разладите додека читате).

Барот, на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост во главниот град, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз, а и мебелот и украсите исто така се направени од мраз.

– Во барот порано се служеше пиво, но таа практика престана бидејќи чешмата постојано се смрзнуваше – изјави шанкерот Лукас Сантлер.

Евротип
SNBROKER
To Top