Новости

Занимливости

Кина пред забрана на ,,караоке” музички изведби!

Од 1 октомври Кина ќе забрани изведба на караоке песни кои не се во согласност со законот, објави Министерството за култура и туризам.

Според министерството, песните што спаѓаат во оваа категорија ги вклучуваат оние што го загрозуваат кинеското национално единство, суверенитет или територијален интегритет, пренесува BBC.

Во соопштението на кинеските власти се повикуваат и оние(најчесто угостителите), да го проверуваат текстот и да нс орегледаат содржината на песната пред таа да биде изведена.

Меѓу песните што ќе бидат забранети од почетокот на Октомври, меѓу другите се и оние кои поттикнуваат етничка омраза и дискриминација, ја загрозуваат националната безбедност, ги нарушуваат националните интереси, ја нарушуваат верската политика на државата и пропагираат разврат, коцкање, насилство и други криминални активности.

Министерството рече дека Кина има повеќе од 50.000 места низ целата земја каде што се организираат вакви забави со песни и танци, и дека ќе биде тешко за организаторите да ги идентификуваат сите ,,нелегални” песни, имајќи предвид дека некои имаат музички библиотеки со повеќе од 100.000 песни.

Кина регулира и забранува содржина што вклучува и насилство, порнографија или политички чувствителни коментари во медиумите, и ова не е прв пат да забрани караоке песни. Исто така, во 2018 година, околу 6.000 песни беа ,,исфрлени” и избришани, поради кршење на авторските права.

Евротип
Евротип
To Top