Новости

Занимливости

Кои биле најголемите љубовџии низ историјата?

Љубов, афери, интриги. Така го живееле животот овие звучни имиња кои до сега сте ги знаеле само како уметници, физичари…едноставно, луѓе кои навистина оставиле траги до ден денес. Во продолжение, прочитајте кои се имињата на најголемите љубовџии низ историјата:

КЛЕОПАТРА

Да почнеме со тоа што ќе се вратиме сè во 44 година пр.н.е. кога незаменливата Клеопатра била кралица на антички Египет. Убава, самоуверена, мудра и моќна. Па како да не го грабне „забранетото јаболко“ кога за таква жена е се возможно? Оваа позната владетелка, која била вмешана во љубовна врска со римскиот генерал Марк Антониј. Сепак, тоа не била нејзината единствена афера. Имала и други мажи, освен генералот.

Pinterest

Кога Клеопатра првпат притигнала на власт, имала само 18 години, а од неа се барало да се омажи за нејзиниот брат Птоломеј XIII, затоа што кралицата требало да ја води крал. Кога нејзиниот брат ја исфрлил од Египет, го запознала Цезар и тие двајца имале љубовна афера, но тоа било главно само политичка агенда од двете страни. На крајот го запознала Марк Антониј и двајцата биле во брак. Во основа, Клеопатра го изневери својот сопруг повеќе пати, но нејзиниот сопруг бил и нејзин брат, па тоа е дело што може да се прости.

ЕРНЕСТ ХЕМИНГВЕЈ

Можеби бил еден од најголемите писатели на 20 век, но Ернест Хемингвеј дефинитивно не бил идеален сопруг или љубовник. Тој бил голем алкохоличар, но не знаеме дали се доживувал како боем. Велат дека бил и насилник, но не знаеме дали можеби си мислел дека тоа е само хоби… Ги мразел жените, но не знаеме дали бил шовинист.

Pinterest

Во суштина, не бил совршен дечко. Во текот на својот живот, Хемингвеј имал четири жени и безброј љубовници и замислете ги ставал во толку незгодна позиција што често пати, неговата сопруга и неговата љубовница биле принудени да комуницираат едни со други. Зошто ли го поднесувале тоа?

Очигледно зад цел тој хаос на Ернест, лажел со неговата харизма и шарм, кој ги имал како АС во џебот. Но, веројатно заведувањето на жени, него му станало повеќе од навика. Веројатно бил опседнат со некое докажување на неговата машкост и во ни еден момент не бил без љубовница. Неговата цел била да има што повеќе девојки, но се разбира не за долго. Повеќе од очигледно дека овој човек бил далеку од некој џентлмен. Но, каде е историјата да зборува за тие кутри жени, ами спротивно го величи неговото име? Нема правда нели?

ПАБЛО ПИКАСО

Pinterest

Жените во животот на Пабло Пикасо биле многу често негови музи, а неговата „љубовџиска приказна“ започнала со Fernande Olivier. Неа ја сликал и имале љубовна врска седум години. Успеал да биди верен, веројатно затоа што му била муза долго време или можеби затоа што сеуште не се познавал доволно.

Pinterest

После нивната врска, тој се вљубил во Еva Gouel, која наскоро се разболела и починала од предвремена смрт.

Пикасо тврдел дека ја сакал Gouel, но зошто тогаш бил во врска со Gaby Lesinasse додека таа била болна?!

По извесен период барал нова инспирација и се оженил со балерината Olga Khokhlova, ама….додека биле во брак, тој, се разбира претпоставивте,  имал љубовна афера со Marie-Thérèse Walter. Оваа била тајна која не сакал да ја споделува. Зошто? Епа ако беше сеуште жив, нашето новинарско озборувачко око, сигурно ќе дознаеше. Но, тогаш немало таква „технологија“ со која полесно можат да се намирисаат овие сочни моменти кај популарните.

Сепак, тајната не траела долго, затоа што некако „погрешиле“, па Marie останала бремена со негово дете. Во меѓувреме, Пикасо се разделил од балерината, но никогаш не се разведиле официјално, затоа што тој не сакал таа да искористи дел од неговото богатство.

Имал уште една врска, а се разбира таа официјалност не му била доволна и имал афера и тоа со 17 годишна девојка. А да не заборавиме, тој во тој период имал 70 години.

Одлично момче? Не би рекле. Но, човекот бил уметник, му требале музи, инаку како ќе ги достигнеше тие успеси. Мораме да го разбереме. Или можеби не?

ФРИДА КАЛО

Pinterest

Фрида имала бројни афери додека била во брак со Diego Rivera, но познато е дека таа немала љубовни врски само со мажи, туку својата љубов ја искажувала и со жени. Меѓу нив била познатиот уметник Georgia O’Keefe, американската актерка Paulette Goddard, и актерката од Мексико – Dolores del Río.

Pinterest

Иако имала само 47 години кога го изгубила својот жвот, таа има доста богата историја на неверства и љубовни врски. Зад себе оставила бројни уметнички дела, а дали тие се инспирирале токму од нејзиниот живот… Која е таа во сите тие бројни слики?

Pinterest

МЕРЛИН МОНРО

Pinterest

Мерлин Монро. Ова е веќе познат факт. Убавицата го шармирала цел свет и можела да има што ќе посака. Нејзината најпозната афера била со американскиот претседател Џон Кенеди. Сепак, ден денес не знаеме дали се овие гласини или едноставно приказна во која многумина сакаат да веруваат. Монро била и во врска со Marlon Brando, Frank Sinatra, па дури и со Joan Crawford. Но, вистинитоста на овие податци не е потврдена. Сепак едно е сигурно. Мерлин Монро никогаш не била сама, а за тој факт, знаела да одговори: „Не можам да издржам сама без врска, но не можам да издржам ни во врска! Едноставно, тоа сум јас!“ Па и баш и било гајле. Таа била Мерлин Монро и секогаш ќе остане.

АЛБЕРТ АЈНШТАЈН

Pinterest

И Алберт Ајнштајн  не е изоставен од списокот на љубовџии низ историјата. Во браковите изневерувал, но највозбудлив е фактот дека тој ја откривал „теоријата за релативноста“, бил со многу жени…скоро со целиот град.  Во ред останатите се уметници и ајде да речеме дека им требале музи, но физичарите…? Нели тие се далеку од уметност?

ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР

Pinterest

Па како тоа ќе ги напишел толку познатите драми, ако немал барем малку искуство? Но, сепак за неговата љубовна историја не знаеме многу и таа останала мистерија, која ден денес е интригантна за повеќето историчари. Но, веројатно имал афера со актерката од претставата за една од неговите драми. Во своите белешки, споменувал и една жена со псевдоним„ Темната дама“. Многу претпоставуваат дека тоа биле сонети посветени на некои тогашни познати писателки и поетеси, но во едно од историските откритија се вели дека всушност сонетите биле посветени на сопругот на грофицата Southampton, а дали тој се превртува во гроб поради оваа можеби невистина, не знаеме. Но, едно е сигурно. Шекспир бил најголемото уметничко име, а од погоре би заклучиле дека… знаеме што прават уметниците.

Можеме да заклучиме дека популарните имиња не биле само популарни по нивниот труд, туку имале и некоја друга историја, па зад нивните маски се криеле љубопитни ѕверови и несташни девојки и момци со бројни афери. Но, дали овие примери треба да се репер? Сепак, не.

GOLD
To Top