Новости

Занимливости

Конечно откриен совршен лек за мамурлук кој сите сме го имале во фрижидерот

Тегла кисели краставички е редовен ,,гостин” во фрижидерот на многумина, но не секој знае дека „киселиот сок“ од неа не само што е здрав, туку и помага при мамурлук.

Во разговор со еден од најдобрите бармени во светот, Шанел Адамс, ,,Full Succase” дозна дека еден од интересните трендови е пиењето на оваа течност во комбинација со алкохол, што почесто е дел од зимата на овие простори, а не бар -понуда.

После една чаша виски, се пие т.н. шот од сокот од кисели краставички и овој специјалитет се вика „pickleback“. Во многу американски барови, токму ова е специјалитетот на куќата.

Овој „пронајдок“ не е својствен само за Соединетите држави. Русите пијат течност од кисела краставица со вотка, а во Мексико се комбинира со текила. Причината е што го ублажува алкохолот, а некои тврдат дека и мамурлукот.

Њујоршкиот писател и сопственик на бар, Тоби Сечини го опиша своето искуство: ,,Пиев „кисела краставица“ со секое нарачано виски, а освен што наутро се уште не бев пијан, следниот ден се чувствував многу подобро.”

„Пиев десетина од нив, а наутро бев целосно излечен од настинка и воопшто не бев мамурен“, наведува тој.

,,Pickleback”, исто така се пие со бурбон, а според Тоби, комбинацијата на неговата арома и киселите ноти совршено се надополнува.

Инаку, течноста од киселите краставички има дополнителни придобивки – ги намалува мускулните контракции, го забрзува количеството електролити во телото, хидрира и убива штетни бактерии во стомакот.

Евротип
SNBROKER
To Top