Новости

Занимливости

Која е најдобрата земја за живот за 2021 година?

Според американската медиумска компанија „U.S. News end World Report“, во неодамна објавената листа за најдобри земји за живот во светот за 2021 година, е избрана Канада.

Земјите се категоризираат и избираат според неколку фактори, меѓу кои се преоценува финансиската ситуација на земјата, растењето на бизнисите, социјалните стауси, положбата на жените во општетството, расната еднаквост и слично.

На ранг-листата за „Најдобри земји за 2021 година“, беа анкетирани вкупно 17.326 лица од 36 земји во четири региони – Америка, Азија, Европа и Средниот исток и Африка, така што 78 земји беа рангирани на светската сцена.

Канада исто така се рангираше на првото место според квалитетот на животот и социјализацијата. Има развиено добар пазар на трудот, се грижи за човековите права и се залага за социјална правда, се смета за некорумпирана и ги почитува правата на сопственост. Канада доби најголемо признание во областите на образование, квалитетно пензионирање, животна средина и здрав живот. Исто така, го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото.

Извештајот се следи и објавува секоја година, а за 2020 година е избрана Швајцарија. Според објавената листа за оваа година, покрај Канада, тоа се Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.

 

GOLD
To Top