Новости

Занимливости

Кој го измислил Дедо Мраз? – Како изгледаат најпрвите илустрации од неговиот лик?

Томас Наст бил американски карикатурист кој живеел од 1840 -1902. Токму зад ова уметничко име се крие најпрвата замисла на Дедо Мраз.

Неговата замисла била да нацрта старец со волшебни моќи кој ќе го спаси народот од злото, а штом велиме зло мислиме на она во што верувал Томас. Тој се надевал дека како и неговите други илустрирани ликови, кои имале слична намера, така и овој лик, ќе го научи народот на морал, започнувајќи токму од најмилите – децата.

Ликот на божиќниот магионичар или волшебник кој е всушност стар дедо со бела брада, Наст првпат го објавил на 3 јануари во 1863 година и тоа во многу интересен тајминг. Дедо Мраз за прв пат се ,,појавил” среде американската граѓанска војна.

Но, овој лик претрпел измени. На илустрациите од првичната замисла за добриот дедо кој носи подароци на паметните деца од целиот свет, Наст можеби имал и малку поинаква идеја. (Следствено, Дедо Мраз на повеќе фотографии е претставен каде што пуши пура, а нели тој треба да проповеда да бидеме паметни, а не порочливи. Или можеби тогаш тоа го сметсле за паметно?!! Како и да е, ова е лично авторско гледиште, но некако не збуни комплетната слика и споредбата на денешниот чудотворец со тој некогашниот. )

Можеби била друга таа цела поента, но едноставно Дедо Мраз се случил поинаку. Се разбира неговиот лик се изградил во подобар правец.

Но, од каде ние го знаеме овој денешниов човек кој живее на северниот пол? Од рекламата за Кока Кола. И не, не е никаква шега. Откако ликот на Наст станал бренд и задолжителен дел од општата култура, компанијата на Кока-Кола во 1931 година ја искористила оваа можност и дошла до идеја што ден денес се практикува. ,,Кока Кола” актуелизирала голема маркетиншка тактика, што го користела токму истоимениот лик. Токму тој го знаеме ние денес, но како настанал, како изгледал првиот Дедо Мраз, погледнете во илустрациите на Томас во нашата галерија.

П.С. За момент замислете си дека сте токму тој карикатурист чија едноставна идеја за миг го натерала светот да верува во чуда! Штом тоа чудо се случило, зошто пак да не се случуваат други обични замисли и да не веруваме во нив?!

GOLD
To Top