Кралицата Елизабета го слави 96-от роденден: За платинестиот јубилеј доби Барби со нејзиниот лик

Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден, а покрај бројните честитки и почести доби и кукла Барби по повод платинестиот јубилеј – 70 години владеење.
Куклата Барби со ликот на Елизабета Втора е облечена во бисерно бел фустан со сина лента украсена со минијатурни медалјони и панделки и има дијадема по моделот на онаа што Елизабета ја носеше на денот на нејзината венчавка.
Елизабета дојде на тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Таа е монарх со најдолго владеење во британската историја.
