Новости

Занимливости

Кучињата навистина се најдобрите пријатели на човекот – Истражувањата докажуваат дека тие имаат добар ефект врз нашиот мозок

Кучето како домашен миленик е познато како најголемиот пријател на човекот, како дел од онаа асоцијација за среќна фотографија на семејство и дете кое си игра со кученце во дворот. Кучињата ги сакаме и ни даваат позитивна енергија, а сега тоа е и научно докажано.

19 здрави лица беа испитувани од страна на истражувачи и се мерела нивната мозочна активност за време на неколку сесии, во присуство и отсуство на кучиња.

Според нив, депресијата, деменцијата, посттрауматско стресно нарушување и многу други сосојби, можат да бидат послесно излекувани со помош на присиството на овие животни при сеансите, пишуваат медиумите.

Во оваа студија, истражувачите одлучија да користат функционална инфрацрвена спектроскопија (FNIRS). На челото на учесникот беа ставени две електроди за мерење на когнитивните активности, а беше покажано и зголемување на мозочната активност, односно фронталниот кортекс – клучен дел од мозокот кој го контролира вниманието, работната меморија, решавањето проблеми, размислувањето и емоционалните реакции.

Наводно, резултатите покажале дека мозочната активност се зголемила кога кучињата биле галени, а силна мозочна активност се покажала и кога животното ја напуштало собата. За време на студијата, учесниците биле држени подалеку од кучињата додека биле прикачени на скенерот.

Експериментот продолжил со набљудување на миленичето кое било од другата страна на собата, а потоа постепено се приближувало и на крајот целосно се приближило за да може субјектот да го погали. Потоа истото го направиле и со плишаното животно. И кога ги споредиле двете сценарија, истражувачите откриле дека има посилно зголемување на активноста на мозокот кога вистинското куче е во близина.

Примената на овие резултати од студијата е од интерес за целата медицинска заедница.

Д-р Џои Р. Џи, невролог во болницата „Провиденс мисија“ во округот Оринџ, Калифорнија, потврди дека терапите со помош на кучиња „се вредни за многу хронични нарушувања и можат да се користат во услови каде што е потребна релаксација“.

Домашните миленици како кучињата можат и треба да се сметаат за важна терапевтска опција за пациенти од сите возрасти кои минуваат низ различни физички или ментални здравствени проблеми, се согласуваат експертите.

Евротип
SNBROKER
To Top