Новости

Занимливости

,,Луди” закони во Германија кои можат многу да ве чинат

Локалните закони во европските земји можат да бидат многу специфични. Еве неколку правила на кои треба да внимавате пред да тргнете на следното патување.

Светот е полн со необични закони, а меѓу народите кои исклучително сакаат да ги наметнуваат своите правила, прединечат германците. Не е тајна дека оваа земја има изобилство на закони кои ги контролираат речиси сите аспекти на животот. Тие се добро организирани и многу строги, па создаваат правила и прописи за одржување на добар систем.

Убивање на оси

Ако убиеш оса, Германците можат да те казнат и до 60.000 евра. Ќе ви прогледаст низ прсти ако сте алергични на оси. Сепак, реалноста не е толку страшна, па казните за убивање оси, речиси никогаш не се наплаќаат.

Возење на велосипед под дејство на алкохол

Во Германија не е дозволено возење велосипед под дејство на алкохол. Ако седите на две тркала откако ќе испиете повеќе, може да ја изгубите возачката дозвола, па дури и да направите тест за психолошка проценка. Оние кои ќе паднат на тестот можат со години да докажуваат дека се ментално здрави пред да си ја вратат возачката дозвола.

Борба со перници

Перниците може да се сметаат за потенцијално или пасивно оружје, пишува Thelocal.de – исто како и панцир, оружје што се користи за самоодбрана. Затоа, ако се впуштате во борба со перници во Германија, бидете нежни за некој да не ве обвини за напад.

,,Веднаш до прозорецот”

Во Германија секоја канцеларија мора да има прозорец за вработените да имаат доволно воздух, што е во согласност со правата на работниците на кои им е дозволено да работат само во безбедна средина.

Одбивање на оџачари

Според Thelocal.de, на оџачарите во Германија им е полесно да влегуваат во домовите отколку на полицијата, бидејќи законот пропишува дека граѓаните не смеат да им забрануваат пристап.

На полицијата во Германија мора да им персирате Непочитувањето на овој закон може да ги чини граѓаните и до 600 евра.

Пеење на првиот стих од химната

Нацистичката партија на Хитлер ја користела песната (химната) во согласност со нејзината идеологија и го толкувала првиот стих како „Германија мора да владее со целиот свет“, па затоа таа беше забранета да се користи поради негативната конотација.

Бидејќи Германците не сакале да ја отфрлат песната бидејќи првично била создадена во желбата за демократија, ја задржале како национална химна, но ја оставиле само третата строфа, пренесува punkufer.dnevnik.hr.

Евротип
SNBROKER
To Top