Новости

Занимливости

Манчестер Сити на својот стадион изгради споменик на Серхио Агуеро, само што споменикот не личи баш на него

Манчестер Сити на својот стадион откри статуа на играч на Реал Мадрид: „Дали сте сигурни?

Манчестер Сити во петокот ја откри статуата на својот поранешен фудбалер Серхио Агуеро, но малку од ликот од статуата личи на Аргентинецот, а многу повеќе потсетува на германскиот ас Тони Крос.

Статуата ја покажува прославата на тогаш 23-годишниот Агуеро пред десет години кога Аргентинецот го постигна веројатно најважниот гол во дресот на Сити. Во сезоната 2011/12 Агуеро постигна гол во 94. минута во победата во последното коло над КПР од 3-2 која на Манчестер сити му ја донесе првата шампионска титула по пауза од 44 години.

Меѓутоа, откако во петокот беше откриена статуата и фановите ширум светот го видоа „Тони Крос“ пред стадионот на Манчестер Сити, на социјалните мрежи следеа бројни шеги.

„Сити треба да биде почестен што постави биста на играч на Реал Мадрид“, „Па, ова е повеќе Тони Крос отколку Серхио Агуеро!“, „Серхио Агуеро беше забележан на откривањето на статуата на Тони Крос на стадионот „Етихад“ во Манчестер“, се само дел од урнебесните коментари.

На шегите им се придружи и самиот Тони Крос кој на својот Твитер профил со веста дека Сити ја открил бистата на Серхио Агуеро го постави прашањето: „Дали сте сигурни?“

Евротип
SNBROKER
To Top