Новости

Занимливости

Мајсторот за тетовирање открива за кои тетоважи најчесто луѓето се каат

Пред да одлучите што да тетовирате, важно е внимателно да размислите и да бидете сигурни дека тетоважата е токму она што го сакате. Имајте на ум дека таа ќе остане на вашата кожа до крајот на животот.

Вкусовите и трендовите се менуваат, а внимателно избраната и добро направена тетоважа не треба да ве вознемирува со текот на годините.

Токму затоа, професионалниот мајстор за тетовирање Херчел Кораско сподели на својот профил на „Тикток“ кои се тетоважите за кои веројатно ќе се каете за неколку години. Штом ќе помине нивниот тренд, поминува и вашата желба да го имате токму тоа на вашето тело.

Знак за бесконечност
Ах, ова е тренд од пред десет години и за жал многумина го сакаа тоа. Херчел објаснува дека многу од неговите клиенти доаѓаат сакајќи да го преправат или дури да го симнат – бидејќи со стареењето на кожата, овој знак ја губи својата форма.

Микро цитати
Како што старее кожата, состојбата на овие тенки тетоважи драстично се влошува.

Големи тетоважи на рацете
За овие тетоважи, Кораско тврди дека сите кога – тогаш жалат шти ги ставиле.

Светци
Сите знаеме некој со ваква тетоважа…

Рози
Тој тврди дека на повеќето им здосадуваат, бидејќи немаат подлабоко значење, а луѓето ги тетовираат затоа што се убави.

Име на партнер
Лоша идеја. Дури и да размислувате, застанете. Ова се тетоважите кои најчесто се кријат и се преклопуваат.

Евротип
Евротип
To Top