Новости

Занимливости

Мечка го нападнала својот тренер среде циркусот во Русија

Циркусот во рускиот град Орел се претвори во место опасно по живот.

Мечката која ја подготвувале за настап, изгледа не била доволно подгптвена, па го нападнала тренерот за време на одредената ,,циркуска точка”. Силно му ја гризнала раката и не сакала да го пушти.

Работниците на сцената веднаш скокнале напомош, со цел да го спасат тренерот од мечката, што всушност покажало неочекувана агресија од нејзина страна.

Додека се бореле со здивената мечка, публиката во шок ја гледала непријатната сцена.

Случајот бил пријавен кај локалните инспектори. Започната е предистражна проверка на сите факти поврзани со тој инцидент, при што се сослушуваат вработени во циркусот и сведоци на инцидентот.

Погледнете ја сцената на нападот во видеото.

Евротип
Евротип
To Top