Новости

Занимливости

Младенци им пратиле сметка на оние гости кои не се појавиле на нивната свадба!

Сурово или не, овој пар решил да им се одмазди на оние гости кои не присуствувале на нивната свадба,а се разбира биле поканети.

Дрско или не, си побарале пари од оние кои ескивираа и не ги ,,почестиле” со нивното присуство, па заедно да се радуваат на нивниот најсреќен ден. Освен што им пратиле сметкс, младенците и им ја понудиле добро познатата опција: ,,Ќеш или картичка! Како сакате!”

После објавата на социјалните мрежи за нивната постапка, многумина ја осудиле нивната постапка, но многумина дури и се обвиниле себе си што не дошле до ваква идеја пред нив.

После бројните реакции парот се огласил:

,,Четири пати прашавме дали можат да дојдат и сите одговорија дека можат. Плативме однапред и тие не се појавија. Не станува збор за парите, туку за тоа како ние се чувствувавме на нашиот голем ден. Тоа е израз на непочитување кон нас. На крајот, не би зеле ничии пари, туку сакавме да им покажеме дека не е во ред – рекоа младоженците за „The Post“.

Евротип
Евротип
To Top