Новости

Занимливости

Можно ли е? – Германец примил дури 90 дози на вакцини само за да продава сертификати за вакцинација

Германец од Магдебург примил 90 дози на вакцини против коронавирус, а потоа им продавал сертификати за вакцинација на оние кои не сакале да се вакцинираат.

Станува збор за 60-годишен маж чие име и презиме не се објавени. Со месеци се вакцинирал во центрите за вакцинација во сојузната покраина Саксонија, а полицијата неодамна го открила.

Тој не е уапсен, истрагата е во тек, а се товари за неовластено издавање и фалсификување документи.

Инаку, бил забележан во центарот за вакцинација во Ајленбург кога бил меѓу оние што чекаа вакцинација втор ден по ред. Полицијата му одзела неколку потврди. Сепак, она што не е познато е тоа како 90те дози вакцина влијаеле на здравјето на осомничениот.

Меѓу другото, во Германија во изминатиот период беа спроведени бројни рации со цел да се открие фалсификување на потврдите. Купувачи на овие потврди се оние кои не сакаат да се вакцинираат, но им требаат сертификати, на пример, за посета на угостителски објекти.

Евротип
SNBROKER
To Top